Radno i socijalno pravo
Проф. др Тодор Каламатиев, Социјални права на невработените лица со посебен осврт на правото.., Радно и социјално право, стр. 31-54, ХУ (1/2011)
систем на македонската социјална заштита. Темелен интерес на македонските грагани е организиран и квалитетен систем на остварување на социјалните права во случај на невработеност. Анализирајки го македонскиот систем на осигурување во случај на невработеност, авторот ги анализира позитивно – правните решенија, кои се темелат пред се на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Во трудот доволно вниманиег е посветено на дефинирање на правото на паричен надоместок и условите за неговото стекнување, како и висината и времето на исплакање на паричниот надоместок. На крај од трудот е обработено и прашањето за административната постапка и начинот на исплата на паричниот надоместок.
Клучни зборови: невработеност, невработени лица, социјални права, осигурување во случај на невработеност, социјална помош, паричен надоместок.
ВОВЕД
Бројните истражувања на современите социјални системи, кои во својата основа ја имаат заштитата на невработените лица, вклучувајки ги и нивните социјални права укажуваат на актуелноста на темата на предметниот труд.
Социјалните права на невработените лица започнуваат да се проучуваат паралелно со нивното прифакање како социјален ризик и тоа некаде во почетокот на минатиот век, подоцна од востановувањето на останатите системи на социјално осигурување кои вклучуваат ризици како: болест, несрека при работа, старост и изнемоштеност, мајчинство и слично.
Во овој дел од трудот, пред да се фокусираме на социјалните права на лицата кон се соочуваат со невработеноста како социјален ризик, апстрахирајки се од тенденцијата да го насочиме ова истражување кон елобароција на понмот „невработеност“ кој е првенствено макро економска категорија, сосема накусо би навеле неколку напомени во врска со невработеност.
Теоријата, во зависност од факторите кои влијаат на појавата, манифестирањето и карактеристиките на невработеноста, категоризира
32