Radno i socijalno pravo

Проф. др Тодор Каламатиев, Социјални права на невработените лица со посебен осврт на правото.., Радно и социјално право, стр. 31-54, ХУ (1/2011) ee EEO CID ONS eA)

материјално необезбедени и кои немаат минимум потребни финансиски средства за исполнување на животните стандарди за нив и за членовите на нивните семејства. Како и корисниците на правата од осицурување во случај на невработеност, барателите на правата на социјална помош треба да бидат способни, да бараат и да бидат достапни за работа. Во некои земји, подобноста за стекнување со право на социјална помош, не зависи од претходните вработувања или пак од претходното работно досие на уплакање на придонеси. Во најголемиот дел на земји, особено во оние со двојна социјална заштита на невработените и преку шемите на осигурување во случај на невработеност и преку социјалната помош, социјалната помош делува како продолжение на осигурувањето во случај на невработеност. Социјалната помош им следува на долгорочно невработените лица кон ги исполнуваат стандардите на минимално траење на работен стаж и кои немаат доволно финансиски средства да ги издржуваат своите семејства.

1.1.4. Разлики помегу осигурување во случај на невработеност (ОБ) и социјалната помош (СП)

Во овој дел од трудот, ке се обидеме да ги набележиме основните разлики помегу системот на осигурување во случај на невработеност (ОН) и системот на социјалната помош (СП), кои што се во функција на санација од социјално раздорните импликации, што ги продуцира невработеноста.

Осигурувањето во случај на невработеност е највообичаената програма на приходна поддршка за невработените лица во земјите во развој. Во 90 – тите години на минатиот век, осигурувањето во случај на невработеност се прифати во сите транзициони земји, како и во неколку земји во развој. Во многу други земји, каде што постои социјалната помош, таа се јавува заедно со осигурувањето во случај на невработеност, тоа се земји во кон постом т.н. двоен систем.

Двете програми, осигурувањето во случај на невработеност и социјалната помош вршат компензации за загубите во приходите на работниците за време на невработеност. Плакањата за двете програми се предизвикани поради невработеност. Основната цел на осигурувањето во случај на невработеност е одржување на потрошувачкиот потенцијал на невработените, додека на социјалната помош е намалување на сиромаштијата.

Различноста, пак, помегу овие две програми се огледа во утврдувањето на нивото на паричниот надоместок и неговото времетраење. За разлика од осигурувањето во случај на невработеност,

42