Radno i socijalno pravo
Проф. др Тодор Каламатиев, Социјални права на невработените лица со посебен осврт на правото.., Радно и социјално право, стр. 31-54, XV (1/2011) ан EE Os CID Be el (GLY
пропишува исполнувањето Ha определени предуслови и настанувањето на определени социјални ризици, како и реализацијата на средствата кои служат како материјално обештетување.
Прашање, кое мора да има одговор во овој труд секако е она косе е во насока на изнаогање на оптимален баланс, помегу заинтересираноста на државата од реинтегрирање на невработените на пазарот на трудот и желбите и мотивите на невработените лица од апстиненција. Не секогаш, пасивните социјални права, на исплакање дарежливи и релативно долготрајни парични надоместоци во случај на активирање на социјалниот ризик – невработеност, се покажуваат како исправни. Компаративните искуства на високо развиените социјални модели, се повеке се залагаат за инвестирање во т.н активни политики на пазарот на труд, кои се сведуваат на зголемување на можноста на невработените лица за повторно приклучување кон активно вработување.
1. ОПШТО ЗА НЕВРАБОТЕНОСТ И СОЦИЈАЛНИ ПРАВА ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРАБОТЕНОСТ
Во последните декади, невработеноста стана сериозен проблем во многу земји во светот, а задачата да им се помогне на невработените поттикна зголемен интерес на креаторите на социјалните политики.
Социо – политичките ефекти од невработеноста се реперкупраат преку фактот што таа ги дистанцира работниците (а индиректно и членовите на нивните семејства), од приходите од работен однос. Економските аномалии се сублимираат преку фактот што невработеноста истовремено означува и дистанцирање на вкупната економија на земјите од потенцијалните контрибуции, кои би ги допринесувале работниците во работен однос. Имено, самиот факт што во најголемиот дел од земјите, моделот на јавни приходи се состои од различни даночни престации, слични финансиски оптоварувања, како и од придонеси кон се исплакаат од бруто платите на работниците, говори за елементарната заинтересираност на државата за работните ангажмани на поединците. Работниот однос, заедно со својата онерозна компонента преточена во обврската за редовно исплакање на плата како против – чинидба за вложениот труд, односно извршената работа, има свои импликации и во однос на структурата на потрошувачкото општество.
Проблемите на невработеноста, може да се обсервираат од повеке страни. Со овој проблем се соочуваа и сеуште се соочуваат и развиените индустриски земји (пазарните стопанства со подолга традиција), а
34