Radno i socijalno pravo
Проф. др Тодор Каламатиев, Социјални права на невработените лица со посебен осврт на правото.., Радно и социјално право, стр. 31-54, ХУ (1/2011)
секако и транзиционите земји, кои што речиси од почеток започнаа да ги реформираат своите социјални законодавства, вклучително и системите на осигурување во случај на невработеност. Со цел да ги трансформираат своите економии во пазарни економии, поранешните социјалистички држави се соочија со огромен број проблеми кои ги наложи тн. скриена невработеност.
Соочувајки се со состојбите што ги налага невработеноста, а со цел да им се помогне на овие лица, креаторите на социјалните политики интервенираат со единствена цел: реституцијата на невработените лица во активна вработеност, односно зголемување на бројот на невработените лица што ке бараат работа која ке соодветствува со нивните вештини и квалификации, или во насока на обезбедување на определени парични надоместоци кон имаат за цел да ја подобрат новонастаната состојба наметната со невработеноста. Задачата за зголемување на можностите за вработување, секако дека е врзана со политиките и програмите на пазарот на труд, а паричната помош од мокта на стопанството, т.е. државата. Политиките кон што ја зголемуваат вработеноста и спроведуваат приходна поддршка на невработените лица, треба да делуваат позитивно по вкупната благосостојба на овие лица. При тоа, мора да забележиме дека бенефициите (надоместоците) за невработените, обезбедени од страна на државата се едни од најконтроверзните социјални бенефиции. Постојат повеке аргументи „За“ и „Против“ овие социјални права“.
Во продолжение на трудот, ке се задржиме на улогата на јавно – правниот систем на социјална заштита, кој помегу другото вклучува и низа социјални права односно бенефиции кои им следуваат на лицата кои остваруваат определени законски предуслови поврзани со реализацијата на социјалниот ризик – невработеност.
11. Облици на социјална поддршка на невработените лица
Облиците на подршка на невработените лица упатуваат на моделите кои се во функција на социјална заштита на лицата ком се соочиле или се соочуваат со ризикот од невработеност.
При обработување на социјални права на невработените лица, не би можеле исклучиво да се задржиме на анализа на социјалните бенефиции (првенствено паричните) на лицата кои што ги стекнале истите по основ на осигурување во случај на невработеност. Осигурувањето во случај на невработеност, претставува само една (можеби и доминантна)
3 За ова види: 22815 Ттаппа[ов и Зихаппе Кода 5 во “ Unemployment benefits “, Social protection discussion series ‘‘, number 913.
35