Radno i socijalno pravo

Проф. др Тодор Каламатиев, Социјални права на невработените лица со посебен осврт на правото.., Радно и социјално право, стр. 31-54, ХУ (1/2011)

на максималното траење на паричниот надоместок, кој следува по исполнувањето на условите за подобност, кои траат од неколку месеци до повеке години. Обично и самите парични надоместоци се усогласуваат со времетраењето на користењето на овие социјални права.

Вообичаен услов за одржување на правата за осигурување во случај на невработеност, е фактот дека корисниците активно бараат ново работно место, при што истите се должни редовно да се ажурираат во институциите кои ги спроведуваат политиките на осигурување во случај на невработеност (обично агенциите за вработување). При тоа, тие треба да достават и доказ дека се доволно мотивирани да го прифатат секое соодветно вработување (во согласност со нивните компетенции и вештини). Неисполнувањето на претходно наведените барања, кон се активираат во текот на користењето и исплатата на паричните надоместоци, може да резултираат и со перманентна, односно привремена суспензија на бенефициите. Бенефициите обично се исплакаат како дел од просечните приходи, во периодот на последниот работен однос. При тоа, сите законодавства ја содржат и одредбата за највисокиот износ до кој може да се исплакаат овие бенефиции. Програмите вообичаено се финансираат преку задолжителните придонеси, засновани на платите на работниците. Стапките на придонеси се пропорционални за работодавачите и работниците, или пак се повисоки за работодавачите. Понекогаш, сите работници се исклучени од обврската да уплакаат придонеси. Спротивната ситуација, во која само работниците би ги плакале вкупните износи на придонесите е многу ретка. Системите за осигурување на невработените лица, најчесто се управувани од органи во состав на владата кон функционираат како самостојни институцин и обично се претставувани од осигурениците, работодавачите или од владини претставници.

Во продолжение изложуваме повеке компаративни примери, кои се однесуваат на структурата на социјалните парични права од осигурување во случај на невработеност на повеке земји – членки на ЕУ“.

6 Cnopex Haogute Ha Milan Vodopivec u Dhushyant Raju Bo tpygot “ Income support systems for the unemployed “, Social protection paper, number 0214

38