Radno i socijalno pravo

Проф. др Тодор Каламатиев, Социјални права на невработените лица со посебен осврт на правото.., Радно и социјално право, стр. 31-54, ХУ (1/2011)

• _ Осигурување во случај на невработеност • Приватни штедни влогови при осигурување во случај на невработеност

г – Социјална помош

• – Отпремнини при престанок на работен однос

Во втората група на модели на социјална заштита на невработените лица, се наведуваат активните политики на пазарот на труд: преквалификација, доквалификација, обуки, јавни работи и слично.

Во продолжение, накратко ке се осврнеме на теоретска поделба на моделите за социјална поддршка на невработените лица. Акцентот ке го ставиме на основниот модел, те на моделот на осигурување во случај на невработеност, при што ке се обидеме и да го вкрстиме со моделот на социјална парична помош, односно да ги воочиме разликите помегу овие два модела.

1.1.1. Осигурување во случај на невработеност

Осигурувањето во случај на невработеност, обично е задолжително. Компаративно, како и да не постои елиминација на определена категорија на работници во рамките на задолжителните шеми за осигурување во случај на невработеност. Во определени земји, партиципиенти во осигурувањето во случај на невработеност, можат да бидат и дипломираните студенти и самовработените лица, додека повремените работници и кукните помошници најчесто се исклучуваат од овој задолжителен модел.

Основниот критериум за стекнување со права од осигурување во случај на невработеност е претходен работен стаж (определен во различни временски целини – обично најмалку 6 месеци пред престанокот на работниот однос) и редовното уплакање на придонеси за социјално осигурување / осигурување во случај на невработеност“. При тоа, постојат различни критериуми поврзани со престанокот на претходниот работен однос кој претставува предуслов за стекнувањето или нестекнувањето со овие права. Најголемиот број на земји, од подобноста за стекнување со права од социјално осигурување ги исклучуваат работниците чин работен однос престанал доброволно (отказ од страна на работникот, спогодбен отказ и слично), во случај на потешки повреди на правата и обврските од работен однос и во други ситуации. Од друга страна пак, законодавствата на различни земји се дивергентни и во поглед

paper, number 0214 5 Cnopeg Konstantinos Tatsiramos Bo tpygot “ Unemployment insurance in Europe “Unemployment duration and subsequent employment stability “,august 2006

37