Radno i socijalno pravo
Проф. др Тодор Каламатиев, Социјални права на невработените лица со посебен осврт на правото.., Радно и социјално право, стр. 31-54, ХУ (1/2011)
ЗАКЛУЧОК
Основна цел наовој труд е темелна анализа на социјалните ефекти кои ги произведува невработеноста, како социјален ризик. Генерално, невработеноста најчесто се поврзува со два система на нејзино превенирање и санација. Станува збор за системот на Осигурување во случај на невработеност (ОН) и Системот на социјална помош (СП). Двата система, во крајна линија имаат единствена функција а тоа е социјална инклузија и материјално обештетување на лицата кои се соочуваат со социјалниот ризик – невработеност. Сепак, постојат и значителни разлики помегу овие системи од аспект на функциите, целите и методологијата. Истите темелно се објаснети во соодветниот дел од ова истражување.
Поголемиот дел од оваа студија беше посветен на првиот систем, кој што најчесто претставува составен елемент на моделите на социјално осигурување во различните земји.
Осигурувањето во случај на невработеност, соодветно се применува и во Република Македонија. Посебностите и спецификите се уредени со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Соодветен дел од оваа студија е посветен и на анализа на македонскиот систем на осигурување во случај на невработеност, со сите свои специфики и детали. Во трудот е обработено и правото на паричен надоместок во случај на невработеност.
ЗАКЉУЧАК
Основни циљ овог рада јесте темељита анализа социјалних ефеката који су резултат незапослености, као социјални ризик. Генерално, постоје два система чији је циљ превенција и санација незапослености. Говоримо о систему осигурања у случају незапослености и о систему социјалне помоћи. Оба два система имају јединствену функцију која се огледа у социјалној инклузии и материјалном обештећењу лицима која се саоћавају са социјалним ризиком препознатливим као незапосленост. Ипак, постоје и одређење разлике између ова два наведена система.
Већи део ове студије је посвечен првом систему и он претставља саставни елеменат свих модела социјалног осигурања.
Осигурање у случају незапослености своје место има ни у Р. Македонији. Поејединости тог система уређене су Законом о запошљењу и осигурању у случају незапослености. Добар део овог рада односи се на македонском систему осигурањеа у случају незапослености. У раду обрађено је и право новчану накнаду у случају незапослености.
52