Radno i socijalno pravo
Проф. др Тодор Каламатиев, Социјални права на невработените лица со посебен осврт на правото.., Радно и социјално право, стр. 31-54, ХУ (1/2011)
за времето за кое е закаснето барањето. Осигуреникот ке се стекне со преостанатиот паричен надоместок, кој што Ке го користи до законскиот престанок на ова право. Доколку осигуреникот воопшто не поднесе барање, односно поднесе барање по истекот на рокот за кој што има право на паричен надоместок, го губи ова право во целост.
И на крај, согласно Законот“, правото на паричен надоместок на лицето му престанува ако: заснова работен однос; основа трговско друштво, претпријатие или друго правно лице; врши занаетчиска или друга професионална дејност; одбие да се јави кај работодавачот ако е упатен од Агенцијата за засновање работен однос; одбие да заснова работен однос кај работодавачот ако го упатила Агенцијата; одбие вработување со полно или скратено работно време, кое не е помало од половината од полното работно време, а е соодветно на неговото образование, знаење и можности; одбие обука, преквалификација или доквалификација која одговара на неговата стручна подготовка, знаења и способности или по своја вина ја прекине обуката, преквалификацијата или доквалификација; исполни услови за стекнување право на пензија или оствари право на пензија; невработеното лице од страна на надлежен орган се затекне на работа, е работно ангажирано или врши дејност спротивно на закон; ја загуби работната способност со денот на утврдување на изгубената работна способност; неоправдано одбие привремено вработување во исклучителни случаи (поплави, земјотреси, неопходно извршување на земјоделски работи и слично) од страна на надлежен орган кој организира акција за отстранување на последиците или за нивно спречување; одбие работно ангажирање за вршење на јавни работи; одбие вработување на работно место за кое се бара пониска стручна подготовка од неговата, а ако непосредно пред да остане невработен, со своја согласност, работел на такво работно место или изјавил дека прифака вработување и на понизок степен на стручна подготовка; отпочне издржување на казна затвор, подолго од шест месеци; не се јавува во Агенцијата во утврдениот рок; - не се јави на покана на Агенцијата од неоправдани причини; и не ја извести Атенцијата во рок од осум дена за секоја промена која е услов или основа за стекнување, остварување или губење на правото на паричен надоместок.
19 _ Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност, чл. 77
51