Radno i socijalno pravo
Проф. др Тодор Каламатиев, Социјални права на невработените лица со посебен осврт на правото.., Радно и социјално право, стр. 31-54, ХУ (1/2011)
компонента од генералниот систем на заштита на невработените лица. Невработеноста, претставува ризик кој ги загрозува лицата кои што биле во активен работен однос, но таа посредно или непосредно се однесува и на лицата корисници на правото на социјална парична помош. Имено, станува збор за идентичен социјален ризик, кој е причина за реализација на две по многу нешта различни права.
Понатаму, постојат и низа други модели на поддршка во случај на невработеност или по повод невработеност со социјален предзнак. Покрај задолжителното и доминантно осигурување во случај на невработеност, определени земји развиле и приватни модели на осигурување во случај на невработеност, преку штедни влогови. Понатаму, го набележуваме и правото на отпремнина, како парична престација, која во голем број земји е и когентна законска обврска при престанокот на работниот однос, како и други облици на социјални права кон се активираат во случај на невработеност. Дел од нив се и активните политики на пазарот на труд(преквалификациин, доквалификации, јавни работи, разни програми со финансиска поддршка од државата), кон претставуваат се почест пример во справувањето со овој социјален ризик.
Генерално разликуваме два основни вида на модели за јавна заштита на невработените лица и тоа: модел на одржување на приходите и активни програми. Во првата група спагаат моделите кон гравитираат кон основниот интерес, а тоа е интересот на лицата кои без разлика по кој основ се соочуваат со ризикот на невработеност и исполнуваат дополнителни критериуми, се стекнуваат со парични права. Вториот комплексен вид на модели за социјална заштита на невработените лица се активните програми, кон првенствено се сведуваат на обавување на неком дејности, активности, програми кои би требало да се исполнат од невработените со цел да се стекнат со финансиска поддршка или пак субвенции (во случајот кај јавните работи или пак обуките). Понатаму, двете групи на модели, како и типовите на програми во рамките на самите модели помегу себе се разликуваат во однос на нивото на бенефиции, траењето на исплатата на истите, условите за стекнување и слично. Помегу овие два основни модели на социјална заштита на невработените лица, секако дека постојат и повеке хибридни модели.
Во првата група на модели на социјална заштита на невработените лица, ги вклучуваме следните шеми на превенција од овој социјален ризик“:
4 Структурата на оваа поделба е преземена од авторите МПап Модортуес и Dhushyant Raju Bo tpygot “ Income support systems for the unemployed “, Social protection
36