Radno i socijalno pravo
Проф. др Тодор Каламатиев, Социјални права на невработените лица со посебен осврт на правото.., Радно и социјално право, cmp. 31-54, XV (1/2011)
2. ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРАБОТЕНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Осигурувањето во случај на невработеност, претставува комплексна компонента во рамките на вкупниот систем на македонската социјална заштита. Темелен интерес на македонските гратани е организиран и квалитетен систем на остварување на социјалните права во случај на невработеност. Анализирајки го македонскиот систем на осигурување во случај на невработеност, нужно е да ги разгледаме позитивно – правните решенија, како и да го разгледаме поширокиот аспект врз основа на кон почива оваа структура.
Согласно Уставот на Република Македонија, Република Македонија се дефинира како суверена, самостојна, демократска и социјална држава.
Тргнувајки од фактот, дека Република Македонија, уставно се декларира како социјална држава, обврските за темелно спроведување на оваа програмска заложба се навистина сериозни. Тоа значи дека, Република Македонија е одговорна за социјалната состојба во која се наогаат нејзините грагани, а пред се сиромашните, невработените или останатите социјално екслудирани лица. Во таа насока е и одредбата од Уставот" со која се утврдува дека секој граганин има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Делот од ставот ћ, односно формулацијата „обезбеденост за време на привремена невработеност“, е клучниот збор, за кој претходно компаративно, а во продолжение матично — во согласност со македонските позитивно правни прописи, ке се обидеме да го структурираме македонскиот систем на осигурување во случај на невработеност.
2.1. Законот како извор на осигурување во случај на невработеност
Матичен закон со кој се предвидува и разработува системот на осигурување во случај на невработеност е Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност“.
12 _ Устав на Република Македонија, „Службен весник на Р Македонија“ бр.52/91, чл.1
13 _ Устав на Република Македонија, чл.32
14 _ Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност,„Сл.весник на Р Македонија“ бр. 37/97, 25/2000,101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/2010 и 88/2010
46