Radno i socijalno pravo
Проф. др Тодор Каламатиев, Социјални права на невработените лица со посебен осврт на правото.., Радно и социјално право, стр. 31-54, ХР (1/2011)
За да ги дефинираме правата од осигурување во случај на невработеност, најпрво треба да го дефинираме терминот невработеност, и обврските на невработените лица согласно македонското позитивно право. Под невработени лица, се подразбираат лицата, кои треба да исполнат неколку кумулативни услови, и тоа:
- да не се вработени;
- да се пријавени во Агенцијата за вработување;
- да се способни и да сакаат да работат;
- активно да барале работа во изминатите 30 работни дена и да се на располагање на берзата на трудот за да започнат со работа во следните 15 дена;
- да не одбиле соодветна понуда за вработување и работниот однос да не им престанал по нивна волја.
Овие услови го чинат дефинирањето на невработените лица во Ргпублика Македонија. Неслучајно, Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, утврдува повеке критериуми за стекнувањето со статус на невработено лице. Евентуалните злоупотреби и заобиколувања на системот, дестимулирачките мерки и пазарно неодржливата структура, како и условното трансферирање на притисокот од страна на Агенцијата кон самите баратели на работа, активно да бараат соодветно вработување, претставуваат основните причини за конструирањето на овој модел. Во крајна линија, тие сени во директна релација со остварувањата на правата од осигурување во случај на невработеност.
Понатаму, Законот врз основа на принципот на негативна енумерација, а со цел допрецизирање на критериумите за стекнувањето со статус на невработено лице, утврдува и категории на лица кои не се сметаат за невработени. Станува збор за лица кои се: во работен однос, корисници на пензија, вршители на занаетчиска, односно професионална дејност, сопственици или основачи на трговско друштво, претпријатие и друго правно лице, лица кои не прифакаат обука, преквалификација или доквалификација на која ке ги упати Агенцијата или ке одбијат да се јават или одбијат да засноваат работен однос кај работодавачот кој кого го упатила Агенцијата, како и лица кои се работно ангажирани или вршат дејност, спротивно на закон.
Во Република Македонија, согласно нашиот систем на осигурување во случај на невработеност и стандардите утврдени во Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, покрај утврудувањето на основните права на невработените лица,
47