Radno i socijalno pravo
Проф. др Тодор Каламатиев, Социјални права на невработените лица со посебен осврт на правото.., Радно и социјално право, стр. 31-54, ХУ (1/2011)
се предвидуваат и структурата, висината, подобноста и условите за исплакање на правото на паричен надоместок во случај на невработеност.
Пред да го анализираме правото на паричен надоместок во случај на невработеност, како централно право, околу кое гравитира целокупниот систем на осигурување во случај на невработеност, таксативно Ке ги наброиме правата кои им следуваат на невработените лица. Имено, согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност", права од осигурување во случај на невработеност се: правото на паричен надоместок, подготовката за вработување (обука, преквалификација и доквалификација), правото на здравствена заштита согласно прописите за здравствена заштита, правото на пензиско и инвалидско осигурување во согласност со прописите за пензиското и инвалидското осигурување на невработеното лице корисник на паричен надоместок на ког му недостасуваат најмногу до пет години пред исполнување на услови за стекнување право на старосна пензија, а кое нема 15 години стаж на осигурување, до остварување на 15 години стаж на осигурување и правата на инвалидни лица за вработување со поволни услови во согласност со закон.
Ке заклучиме дека правата од осигурување во случај на невработеност, можат да бидат и натурални, односно во вид на услуги (подготовка за вработување, здравствена заштита) и секако парични (првенствено, операционализирани преку правото на паричен надоместок).
2.2.1. Дефинирање на правото на паричен
надоместок и услови за негово стекнување
Согласно, Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, право на паричен надоместок има невработеното лица, кое било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Утврдувањето на времетраењето на работниот однос, секогаш се врзува со последниот престанок на работниот однос, односно, подобноста за стекнување со право на паричен надоместок се утврдува врз основа на најмалку деветмесечен непрекинат работен стаж, пред престанокот на работниот однос, или најмалку 12 месечниот работен стаж со прекини, во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос. При тоа, релевантни се и два дополнителни услова. Првиот услов се однесува на задолжителната обврска за уплакање на придонеси во задолжителното социјално осигурување за целокупниот стаж на осигурување пред
15 _ Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност, чл. 64
48