Radno i socijalno pravo
Проф. др Тодор Каламатиев, Социјални права на невработените лица со посебен осврт на правото.., Радно и социјално право, стр. 31-54, ХУ (1/2011)
престанокот на работниот однос, Вториот услов се однесува на видот на договорот за вработување врз основа на траењето, односно фондот на работни часови. При тоа, вториот услов не исклучува ниту една категорија на лица во работен однос.
Исклучително важен услов за стекнување со правото на паричен надоместок за осигурување во случај на невработеност е и начинот на престанок на работниот однос. Како што беше споменато и во претходниот дел на компаративната анализа од ова истражување, речиси сите современи законодавства, од условите за подобност од користење со овие социјални права ги исклучуваат лицата чиј работен однос престанал своеволно (отказ од страна на работникот, спогодбен престанок), како и лицата кои нанеле тешки повреди на правата и обврските од работен однос, односно на работната дисциплина. Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, се приклучува кон стандардите на современите компаративни социјални структури, и предвидува негативна енумерација, во однос на можностите за стекнување со правото на паричен надоместок, а рго ро условите за престанок на работниот однос, истовремено прецизно проширувајки ја оваа листа и со дополнителни критериуми.
2.2.2. Висина и време на исплакање на паричниот надоместок
Дополнително прашање, кое е есенцијално при утврдувањето на физиономијата на системот на осигурување во случај на невработеност е секако и прашањето поврзано со висината и времето на исплакањето на паричниот надоместок. Ова прашање е дотолку побитно, затоа што преку него се структурира и самата политика која ја води државата во однос на овој концепт. Често пати, и дарежливоста, односно рестриктивноста во политиките на исплата на паричните надоместоци и нивното влијание врз мотивацијата и реинтеграцијата на невработените на пазарот на труд, претставува фокус на социјалната политика на земјите.
Основицата, врз основа на која се пресметуваат паричните надоместоци, согласно Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот и изнесува 50 % од просечната месечна плата на работникот за последните 24 месеци за лице ког има право на паричен надоместок до 12 месеци, за лице кое има право на паричен надоместок подолго од 12 месеци, паричниот надоместок за првите 12 месеци изнесува 50 % од просечната месечна нето плата на работникот
16 _– За ова види: Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност, чл. 67.
49