Radno i socijalno pravo
Проф. др Тодор Каламатиев, Социјални права на невработените лица со посебен осврт на правото.., Радно и социјално право, стр. 31-54, ХУ (1/2011)
за последните 24 месеци, а за преостанатото време 40 % од просечната месечна нето плата".
Исто така, Законот утврдува и највисок износ на исплата на паричниот надоместок, кој го фиксира на максимум 80 % од просечната месечна нето плата по работник во Републиката, за последниот месец.
Времето за кое се исплатува паричниот надоместок варира во зависност од претходниот стаж на осигурување на осигуреникот. При тоа, Законот предвидува максимално 12 месечна исплата на парични надоместоци, во пропорција со претходниот работен стаж!
Можност за проширување на исплатата на парични надоместоци, се гарантира за определена група на грагани, кои во компаративната литература се срекаваат и како група на лица кои имаат право на екстензивна исплата на парични надоместоци при осигурување во случај на невработеност. Пред се станува збор за лица на кои им недостасуваат определен број на години до стекнување со право на старосна пензија, односно до негово ново вработување, како и на жени за време на користење на отсуството поради бременост, рагање и родителство согласно Законот за работните односи и лицата кон се упатени на обука, преквалификација или доквалификација од страна на Агенцијата.
2.2.3. Административна постанка и начин
на исплата на паричниот надоместок
Едно од клучните прашања, поврзани со реализацијата на правото на паричен надоместок е и ажурноста на органите кои се обврзани да то спроведат ова право. Не секогаш законски предвидените рокови, соодветствуваат со ефикасноста на администрацијата на Агенциите кои се задолжени да се грижат за тоа.
Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, утврдува право на осигуреникот да се стекне со паричен надоместок од денот на престанокот на работниот однос. При тоа, осигуреникот / барателот, поднесува барање до Агенцијата кај која е уплатуван придонесот за вработување во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос. Карактеристично е тоа што доколку осигуреникот не го испочитува рокот од 30 дена (како рок во кој бил должен да аплицира за користење на право на паричен надоместок), тој не го губи целосно правото на паричен надоместок. Паричниот надоместок се губи само
17 _ Заова види: : Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност, чл.68
18 _ Заова види: Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност, чл. 69
50